Резултати за пребарувањето: рт

портар | м.

Вратар.

усмрти | св.

Предизвика смрт; убие. Возачот усмртил двајца пешаци. Осомничениот ја усмртил жртвата удирајќи ја со тупаници во главата. Лавот усмртил три лица изминативе неколку месеци.

кортеш | м.

Политички активист што агитира за некого, што собира гласови.

одврти | св.

Со вртење отвори нешто затворено, стегнато. Тој ја одврти бомбата и ја фрли. Го одврти чепот на бочвата и виното истече. Водоводџијата ја одврти славината за вода.

портал | м.

Раскошно украсен главен влез во црква, палата или голема зграда; главна врата. Стигнав пред црквата, чиј огромен централен портал беше на самата улица.

портик | м.

Покриен ходник со столбови; трем со колонада.

картеч | м.

Вид топовска граната исполнета со топчиња што при пукање се распрскуваат.

картер | м.

Дел од автомобилски мотор, во кој се врши подмачкување на неговите најважни делови.

мртвен | прид.

Во изразот: мртвен ден – ден за помен на мртвите; задушница.Свадбата мина како на мртвен.

картел | м.

Облик на монополистичко здружување во областа на индустријата и на капиталот заради отстранување на конкуренцијата.