Резултати за пребарувањето: рт
на'ртен | прид.
Што има 'ртулци, што е со 'ртулци. Пожелно е да се садат на'ртени компири.
партија | ж.
Политичка организација на луѓе блиски по идеологија, обединети околу определена програма, заеднички интереси и цели. Владејачка партија. Демократска партија. Партија на власт.
нартекс | м.
Предворје на храм.
намурти | св.
Направи нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намршти. Чуварот го намурти лицето и ми рече да чекам. Седна, ги намурти веѓите и го отвори весникот.
извртка | св.
Денгуби некому време, го задржува во работата. Ме извртка, не си ја завршив работата.
одвртка | ж.
Алатка со која се одвртува и завртува нешто; шрафцигер.
навртка | ж.
Машински елемент обично во форма на шестострана призма со отвор што е во внатрешната страна спирално нажлебен.
опортун | прид.
Поволен, соодветен на околностите, целисходен. Опортун предлог.
шпартан | прид.
Што е обележан, исцртан со прави линии. Шпартани листови. Шпартано платно. Шпартана градина.
Партија | ж.
Древна персиска држава.