Резултати за пребарувањето: семе
семе | ср.
(биол.) Репродуктивен орган на вишите растенија, обично сместен во заштитна обвивка, зрно, семка, од кој се развива нова билка. Семе на афион. Ленено семе. Остави пченица за семе.
семен | прид.
Што содржи семе. Семена кесичка. Семена течност.
семеен | прид.
Што има семејство, што не е сам, фамилијарен. Семеен човек.
семејно | прил.
Зборот е поврзан со:
семеник | м.
(бот.) Ќесичка во која се наоѓа семето на некое растение.
осемени | св.
Кај добиток – внесе сперма на вештачки начин заради оплодување.
семенар | м.
Лице што произведува или што продава семе.
семенце | ср.
семевод | м.
Дел од сеалката кој служи за подавање на семето.
семенце | и. ср.
Зборот е поврзан со: