Резултати за пребарувањето: син
син | м.
Машко дете во однос на своите родители. Имаше два сина. Вонбрачен син. Еден од синовите отиде на туѓина. Постар син. Единец син.
син | прид.
Што има една од основните бои на спектарот, боја на ведро небо. Сини очи. Сино небо. Син фустан. Сина капа.
сина
Зборот е поврзан со:
осин | прид.
Што се однесува на оса. Осино гнездо.
сино- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење:
синко | ср.
Само во обраќање. Подај ми, синко, една чаша вода.
сингл | м.
Во спортот ‒ тенис и пинг-понг ‒ игра во која настапува само по еден натпреварувач од обете страни.
Синај | м.
Полуостров во Египет.
синап | м.
Растение со ситни жолти цветови; Sinapis arvensis.
синее | несв.
Се покажува, се изделува со својата сина боја. Езерото синееше пред погледот на момчето. Меѓу гранките небото благо синееше. Далеку синееја планините.