Резултати за пребарувањето: столб

столб | м.

а) Во градежништвото ‒ потпирач со различна форма и пресек, поставен вертикално и укрепен за цврста подлога како носечки елемент на градежен објект. Мермерни столбови го крепеа широкиот балкон. Масивни бетонски столбови. Момчето се криеше зад столбот. б) (прен.) Тој што го носи најголемиот товар, тој на што се крепи нешто. Тој е столб на семејството. Тој е еден од столбовите на организацијата.

столба

Зборот е поврзан со:

столбови

Зборот е поврзан со:

столбиште | ср.

Дел од зграда каде што се скалите на зградата. Девојката стоеше на столбиштето. Полукружно столбиште.

столбишта

Зборот е поврзан со:

столбовиден | прид.

Што има форма на столб.