Резултати за пребарувањето: стрела
стрела | несв.
Насочува, затегнува лак и испушта стрела; гаѓа со стрела. Децата со дрвени лакови стрелаа по чавките.
стрела | ж.
Дрвена или метална прачка со шилест врв што служи за стрелање со лак. Лежеа на бојното поле прободени со стрели. Смртоносна стрела. Отровна стрела.
истрела | св.
Испука, заврши со стрелање. Четата истрела почесен плотун.
стрелан | прид.
Што е убиен со стрелање. Мислеше на стреланите соборци.
стрелач | м.
застрела | св.
Убие некого со огнено оружје. Војниците застрелаа двајца заробеници. Ловецот го застрела волкот.
пострела | св.
Стрела, пука, гаѓа некое време.
стрелаат
Зборот е поврзан со:
растрела | св.
Стрела, убива со стрелање.
стрелање | глаг. им. ср.
Зборот е поврзан со: