Резултати за пребарувањето: теле

теле | ср.

Младо од крава.

телен | прид.

Што е изработен од тељ. Телена ограда. Телена мрежа.

теле- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење што се одвива од далечина, што се пренесува од далечина: телефон, телеграф, телескоп.

телекс | м.

Систем од телепринтерски машини преку кои се примаат и испраќаат соопштенија.

телење | глаг. им. ср.

Зборот е поврзан со:

телепат | м.

Тој што има способност за телепатија.

телесен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на тело. Телесна тежина. Телесен развој. Телесна градба. Телесен умор. Телесни казни. Телесна температура. Телесна рана. Телесен недостаток.

постеле | св.

Раздипли, рашири нешто за да покрие некаква површина со неа. Домаќинката им посла за спиење. Ги послаа наземи палтата и седнаа. На земјено душеме ја посла рогузината. Подот ќе го постеле со раскошен ќилим.

котелец | м.

Јамка при плетење и јамка на плетен предмет. Се испуштил котелец од фанелата. Го заплете првиот котелец.