Резултати за пребарувањето: теле

телефонира | св. и несв.

Јави, јавува, зборува по телефон. Треба само да ми телефонираш и ќе дојдам. Ќе ти телефонирам веднаш штом ќе пристигнам.

препостеле | св.

Постеле одново, поинаку или со нешто друго. Препостели го креветот.

телекамери

Зборот е поврзан со:

телепатија | ж.

Способност за примање и предавање мисли на далечина, за сознавање на туѓи мисли, чувства на далечина без посредство на сетилата.

телефонија | ж.

Систем од телефонски уреди за пренесување говор на далечина преку електрични сигнали или безжично.

сознателен | прид.

Свесен.

телефонист | м.

Тој што работи во телефонска централа и остварува телефонска врска меѓу корисниците.

внимателен | прид.

Што внимава, што се однесува со внимание. Внимателен слушател. Внимателен соговорник. Внимателната анализа тоа го покажува.

значителен | прид.

Што е голем по размер, по сила, количество и сл. и поради тоа има определено значење. Завршивме значителен дел од работата. Значителна штета. Значителни расходи. Значителен успех.

хранителен | прид.

Што служи за храна; прехранбен. Хранителен производ.