Резултати за пребарувањето: ум

албум | м.

Книга за чување фотографии, цртежи, исечоци, поштенски марки и сл. Ќе ви го донесам албумот, па одберете фотографија.

опиум | м.

Исушен сок од несозреани афионови чушки што се користи како лек, опојно средство и дрога.

ќумез | м.

Кокошарник, гулабарник.

силум | прил.

Со сила, насилно. Силум ја омажи за постаро момче што не го сакаше. Оддома силум го доведоа во училиштето.

датум | м.

Точно календарско време (ден, месец, година) на некој настан. На кој датум си роден?

родум | прил.

По раѓање, по родното место. Тој беше родум од нашиот град.

хумус | м.

Горен слој од земјата, богат со хранливи материи настанат со распаѓање на животински и растителни остатоци под влијание на микроорганизми. Плоден хумус. Хумус во почвата. Збогатување на земјата со хумус.

изуми | св.

Заборави, исчезне од помнењето. Таа изуми дека е недела и дека дуќаните се затворени.

бегум | прил.

Брзо, со трчање.