Резултати за пребарувањето: ум
тумба | несв.
Превртува нешто наопаку. Дете, не тумбај го столот!
сумал | прид.
Сумер | м.
Припадник на древен народ во Месопотамија.
ѕумба | ж.
Свирка. Ѕумба ѕуни, ечат барабани.
серум | м.
Крвна сурутка ‒ водниот составен дел од крвта.
гумно | ср.
Рамно и широко место каде што се врши жито, обично со коњи. Селаните седнаа на гумното за да се одморат и да ручаат.
седум | бр.
Основен број поголем за една единица од шест, помал за една единица од осум, се бележи со бројката 7. Седум години. Седум џуџиња. Седум недели. Седум светски чуда.
тајум | прил.
силум | прил.
Со сила, насилно. Силум ја омажи за постаро момче што не го сакаше. Оддома силум го доведоа во училиштето.
зулум | м.
Зло, насилство, терор, тиранија. Влегоа во селото и голем зулум направија. Разбојнички зулум.