Резултати за пребарувањето: ум

бумка | несв.

Удира, треска, предизвикувајќи силен, тап звук. Тапаните бумкаа, зурлите пиштеа.

збогум | прил.

Поздрав при разделба. Збогум, пријателу мој.

подрум | м.

Во подрумот чувавме туршија, качиња со сирење, расолна зелка и друго.

зашуми | св.

За ветар, море, дрвја и сл. – почне да шуми. Пролетен ветар зашуми. Зашумеа тополите. Бранови пред невреме силно зашумеа. Се разбранува и зашуми зрелото жито.

медиум | м.

Средина во којашто некој или нешто се наоѓа.

подума | св.

Дума малку, кратко време, се замисли. Подума малку и се сети што треба да прави.

зачуми | св.

Се зарази, заболи од чума; Зачумена куќа.

заумен | прид.

Што не е реален, не е вистински; замислен. Заумни предели. Заумен збор.

костум | м.

Дводелна машка облека, составена од кусо палто и панталони од иста ткаенина. Свадбен костум. Волнен костум.