Резултати за пребарувањето: ум

ничкум | прил.

Со лицето кон земјата, не на грб, превртен наопаку. Легна ничкум на кревет. Сликата падна ничкум. Се сврте ничкум.

кумува | несв.

Учествува на венчавка или крштевање како кум. Тој ќе кумува на нашата свадба.

крстум | прил.

Како крст; во крст, на начин да формира крст. Носеше два ремена препашани крстум на градите.

пумпен | прид.

Што се однесува на пумпа.

родиум | м.

Метал со сребреникаво‒бела боја од групата на платините.

уми се | несв.

Се мисли, се премислува околу нешто. Што туку се умиш? Се чуди, се уми како да најде пари.

умерен | прид.

Што не претерува, што се држи до извесна мерка, што се воздржува од нешто. Тој е умерен во јадењео и пиењето. Говорот на директорот беше оценет како умерен.

умесен | прид.

Што е на место кажан, направен, што е соодветен. Умесен заклучок. Умесна молба. Умесно решение.

умешен | прид.

Што е вешт, што има фат. Нејзините умешни раце вешто го обликуваа цветот од хартија.