Резултати за пребарувањето: ушник

душник | м.

Дел од органите за дишење во форма на 'рскавична цевка која започнува од гркланот и продолжува до белите дробови. Му го стискаше душникот. Ме дразнеше во душникот.

Лопушник | м.

Планина во Македонија.

грлушник | м.

Тесен горен дел на шише, на стомна и сл.;

бездушник | м.

Тој што е бездушен, нечовек. Човекот може да биде бездушник. Проклети крвници, бездушници.

послушник | м.

(пејор.) Тој што е послушен, што слуша без приговор. Околу него се врткаа плашливци и послушници, кои му го виткаа грбот и му слугуваа.