Резултати за пребарувањето: хартија

хартија | ж.

Индустриски производ од целулоза во форма на тенки листови со различна примена (пишување, цртање, амбалажа и др.). Бела хартија. Украсна хартија. Компјутерска хартија. Парче хартија. Тоалетна хартија. Хартија во боја.

фотохартија | ж.

Хартија со мазна површина за изработка на фотографии.

рото-хартија | ж.

Хартија што, обично, се користи за печатење весници.

филтер-хартија | ж.

Специјална порозна хартија за филтрирање.