Резултати за пребарувањето: хемија

хемија | ж.

Наука што се занимава со градбата на материите како и со процесите и резултатите од нивните меѓусебни реакции. Органска хемија. Неорганска хемија.

алхемија | ж.

Средновековна хемија која се занимавала со барање „камен на мудроста“ и „еликсир на животот“.

биохемија | ж.

Наука што ги проучува хемиските својства на живите организми.

фотохемија | ж.

Гранка од хемијата што ги проучува хемиските реакции и промените на материјата предизвикани од светлосните зраци.

петрохемија | ж.

Гранка на хемиската технологија што се занимава со индустриско производство на чисти хемикалии од нафта и од земен гас.

електрохемија | ж.

Дел од физичката хемија како научна дисциплина што го проучува заемното дејство на физиката и на хемијата врз електричните процеси.