Резултати за пребарувањето: шарка
шарка 2 | ж.
Метален дел, желевце за поврзување кај врата, различни други делови од мебел, кутија, рамка на врата, крило на прозорец. Метални шарки. Една шарка на дрвената кутија беше разнишана.
шарка | несв.
Шара малку, Детето шаркаше по тетратката.
шарка 1 | ж.
Реска, цртка, линија, црта на некој предмет или на нешто. Шарките на ѕидот создаваат единство од топли бои. Две шарки парај – црвена и црна. Имаше една шарка на кошулата. Геометриски шарки. Авионот оставаше долга, бела шарка на небото.
ишарка | св.
Таа го ишарка цртежот.
кошарка 2 | ж.
Игра со топка меѓу две екипи во која секоја екипа се труди да победи со поголем број уфрлени топки со раце во противничкиот кош. Момчево добро игра кошарка.
кошарка 1 | ж.
Дем. од кошара. Чифлички кошарки.
шаркаат
Зборот е поврзан со:
шаркање | глаг. им. ср.
Зборот е поврзан со:
шишарка | ж.
Тркалезен, дрвенест плод на некои иглолисни, зимзелени растенија. Шишарките може да бидат женски и машки. Зелени шишарки. Зрели шишарки.
кошаркар | м.
Лице што игра кошарка.