Резултати за пребарувањето: шах
шах 1 | м.
Титула на владетел (крал, монарх) во некои земји во Азија (Индија, Авганистан и др.); Персискиот шах беше во посета на нашата земја.
шах 2 | м.
Спортска игра што се игра на 64 полиња (32 бели и 32 црни) и по шеснаесет црни и бели фигури. Секоја вечер играат шах. Натпревар во шах.
шахта | ж.
Отвор со капак (обично метален) за вертикална јама од кој се доаѓа до водоводна или друга инсталација. Шахта во дворот. Шахтите на улицата беа без металните капаци. Има две шахти во градината.
шахти
Зборот е поврзан со:
шахира | св. и несв.
Изврши потег со кој го загрозува противничкиот крал и со тоа победува во играта шах. Момчето го шахира противничкиот крал. Тој го шахира противникот во 24-от потег.
шахови
Зборот е поврзан со:
шахист | м.
Тој што игра шах. Врвен шахист. Македонските шахисти постигнаа голем успех.
падишах | м.
Титула на султаните од Турското Царство и на други монарси во некои источни земји. Тој беше верен поданик на падишахот.
шахисти
Зборот е поврзан со:
шахистка | и. ж.
Зборот е поврзан со: