Резултати за пребарувањето: шербет

шербет | м.

Густо растопен шеќер со малку вода што се користи за подготвување слатко или за полевање на некои ориентални слатки (баклава, раванија, тулумби и сл.). Студеното тесто се полева со врел шербет. Овошјето го стави во шербетот да се вари.

шербетлии

Зборот е поврзан со:

шербетлија | прид.

Што е многу благо, прекумерно заблажено. Му дадоа едно кафе шербетлија. Чајот беше шербетлија.