Резултати за пребарувањето: колар

колар | м.

Занаетчија што прави и што поправа запрежни коли, кочии. Коларот ми ја поправи чезата.

колари

Зборот е поврзан со:

соколар | м.

Тој што чува и одгледува соколи за лов.

коларски | прид.

Што се однесува на колар, што му припаѓа на колар. Коларски занает. Коларски дуќан.

коларина | ж.

Тоа што го плаќа секоја кола за минување по патот; патарина.

соколари

Зборот е поврзан со:

школарини

Зборот е поврзан со:

коларство | ср.

Коларски занает. Денес е тешко да живееш од коларство.

школарина | ж.

Паричен надоместок за користење на услугите на некоја школа, односно образовна установа.

коларници

Зборот е поврзан со: