Резултати за пребарувањето: писка

писка | несв.

Плаче со писок од болка, жал и др., вреска. Жени пискаа и бараа помош. Пискаа деца од страв.

писка 2 | ж.

Коската од коленото до глуждот.

писка 1 | ж.

Дел од дувачки инструмент, обично во форма на цевка каде што се создава звукот.

списка | св.

Одеднаш почне да писка. Жената списка со очаен глас. Детето списка исплашено.

пискав | прид.

записка | св.

Почне да писка. Детето се најде во неволја и записка. Жените запискаа од страшната глетка.

пописка | св.

Писка малку, кратко време. Пописка некое време и замолкна.

исписка | св.

Одеднаш испушти силен и остар глас, писок. Жените испискаа од страв.

записка | ж.

Краток запишан текст; белешка. Во тетратката имаше неколку несредени записки.

дописка | ж.

Кратка статија или белешка во весник во која се соопштува за некој актуелен настан. Наводите во дописката се потврдени.