Резултати за пребарувањето: склоп

склоп | м.

Состав, структура. Во склопот на фестивалот се одржа посебна програма посветена на јубилејот. Во склопот на сите овие податоци треба да се оценува делото. Среќен склоп на околности.

склопи | св.

Состави, поврзе, соедини делови од нешто. Детето работеше цело претпладне и склопи еден вид кафез. Работниците брзо ги склопија скелињата и веднаш почнаа со работа. Тој по голема мака ја склопи играчката.

склопка | ж.

Уред за автоматско исклучување и вклучување на електрично коло, прекинувач.

склопци

Зборот е поврзан со:

склопец | м.

Мал дрвен сад со поклопка за носење храна (сирење, сол, пиперки и др.). Во торбата имаше само леб и дрвен склопец со сол.

склопат

Зборот е поврзан со:

склопки

Зборот е поврзан со:

расклопи | св.

Раздели нешто на составни делови. Тој го расклопи часовникот на делови. Работниците ја расклопија машината.

расклопат

Зборот е поврзан со:

склопитен | прид.

Што може да се склопува. Склопитно ноже.