Резултати за пребарувањето: види

видици

Зборот е поврзан со:

довиди | св.

Опфати со поглед, забележи. Не можеше да ја довиди во големата толпа народ.

привиди | св.

Види, посети кратко време; провери, проконтролира. Утре ќе ве привидат внуците. Го привиде детето, тоа спиеше.

провиди | св.

(ретко) Почне да гледа тој што не гледал; прогледа. Веруваа луѓето ако се замиеш со таа вода ќе провидиш.

превиди | св.

За мака, за страв ‒ доживее, претрпи, поднесе. Многу маки превидов во животот.

превиди

Зборот е поврзан со:

привиди

Зборот е поврзан со:

увиди

Зборот е поврзан со:

доизвиди | св.

Извиди секаде, заврши со извидувањето на некоја околина.

предвиди | св.

Однапред види, согледа, погоди што ќе стане земајќи ги предвид сите можности преку анализа и планирање; прогнозира. Тој го предвиде ваквиот тек на настаните. Синдикатот предвиде нови социјални немири. Научниците ја предвидоа бурата пред две недели.