Буџумбура | ж.

Главен град на Бурунди.

Бушман | м.

Припадник на етничка група што живее во пустината Калахари во Африка.

Вавилон | м.

Древен град и држава во Месопотамија.

Вавилонија | ж.

Античка држава во Месопотамија, денешен Ирак.

Вадуц | м.

Главен град на Лихтенштајн.

Валандово | ср.

Град во Македонија.

Валенсија | ж.

Главен град на истоимената провинција во Шпанија.

Валета | ж.

Главен град на Малта.

Валонија | ж.

Област во Белгија, со франкофонско население.

Вандал | м.

Припадник на древно германско племе.