Дакија | ж.

Древна област на Балканскиот Полуостров.

Далас | м.

Главен град на сојузната држава на САД Тексас.

Далечен Исток | м.

Географски регион во Азија, ги опфаќа државите од југоисточниот дел на континентот: Кина, Јапонија, Филипините, како и државите од Корејскиот Полуостров, Индокинескиот Потконтинент и Малајскиот Архипелаг).

Далмација | ж.

Приморска област во Хрватска.

Дамаск | м.

Главен град на Сирија.

Данска | ж.

Држава во Европа.

Дарданели | и.

Морски проток помеѓу Егејско и Мраморно Море.

Дарданија | ж.

Древна област на Балканскиот Полуостров.

Дарна | ж.

Река во Индија.

Дарфур | м.

Регион во Северна Африка, отцепен од Судан.