Дрезден | м.

Град во Германија.

Дрен | м.

Планина во Македонија.

Дримкол | м.

Област во Југозападна Македонија.

Дубаи | ср.

Град во Обединетите Арапски Емирати.

Дубровник | м.

Приморски град во Хрватска.

Дунав | м.

Река во Европа.

Дурбан | м.

Град во Јужноафриканската Република.

Душанбе | ср.

Главен град на Таџикистан.

Евреин | м.

Припадник на народ со потекло од денешен Израел.

Евроазија | ж.

Заедничко име за двата континента Европа и Азија.