Ел Ајун | м.

Главен град на Западна Сахара.

Елба | ж.

Река во Средна Европа.

Елба | ж.

Италијански остров во Средоземното Море.

Елбасан | м.

Град во Албанија.

Елдорадо | ср.

Измислено кралство во Јужна Америка, богато со злато.

Елин | м.

Припадник на древен народ на Балканскиот Полуостров, познати и како Стари Грци.

Енисеј | м.

Река во Русија.

Еолец | м.

Припадник на старогрчко племе.

Епир | м.

Област во Грција.