Огражден | м.
Планина во Македонија.
Одра | ж.
Река во Источна Европа.
Океанија | ж.
Заедничко име за Нов Зеланд и за другите архипелази во Тихиот Океан.
Оклахома | ж.
Сојузна држава во САД
Оксфорд | м.
Универзитетски град во Велика Британија.
Олимп | м.
Планина и врв во Грција.
Оман | м.
Држава на Арабискиот Полуостров, Азија.
Омск | м.
Град во Сибир, Русија.
Онтарио | ср.
Провинција во Канада и едно од Големите Езера.
Ориноко | ср.
Река во Јужна Америка.