Арабјанец | м.

Жител на средновековиот Арабиски Калифат.

Аралско Езеро | ср.

Солено езеро во Азија, меѓу Казахстан и Узбекистан.

Арап | м.

Припадник на народ во Северна Африка и Блискиот Исток.

Аргентина | ж.

Држава во Јужна Америка.

Ардени | и.

Планински масив во Европа.

Ариец | м.

Термин за припадник на индоевропските народи.

Арктик | м.

Област во најсеверниот дел од Земјината топка.

Арктички Океан | м.

Океан во Арктикот.

Аруба | ж.

Остров во Карипското Море.