Персиски Залив | м.
Залив во Азија, северно од Арабискиот Полуостров.
Персија | ж.
Некогашно име на Иран, Азија.
Перт | м.
град во Австралија.
Перу | ср.
Држава во Јужна Америка.
Петра | ж.
Древен град во денешен Јордан.
Петрич | м.
Град во Пиринска Македонија, Бугарија.
Петроград | м.
Некогашно име на Санкт Петербург, од почетокот на ХХ век.
Пехчево | ср.
Град во Македонија.
Пигмеец | м.
Припадник на племе во Африка, познати по нискиот раст.
Пирин | м.
Планина во Пиринска Македонија, Бугарија.