Саксонија | ж.

Покраина во Германија.

Салвадор | м.

Држава во Средна Америка.

Салцбург | м.

Град во Австрија.

Самоа | ж.

Островска држава и архипелаг на Тихиот Океан, дел од Полинезија.

Самос | м.

Грчки остров во Егејско Море.

Сана | ж.

Главен град на Јемен.

Сан Диего | ср.

Најјужното пристаниште во САД на Тихи Океан.

Санкт Петербург | м.

Град во Русија.

Сан Марино | ср.

Држава во Европа.

Сан Салвадор | м.

Главен град на Салвадор/Ел Салвадор.