Скадарско Езеро | ср.

Езеро во Црна Гора и Албанија.

Скандинавија | ж.

Заедничко име за државите од Скандинавскиот Полуостров.

Скандинавски Полуостров | м.

Полуостров во Северна Европа.

Склавин | м.

Припадник на племе од Јужните Словени.

Скопска Црна Гора | ж.

Планина во Македонија.

Скопје | ср.

Главен град на Северна Македонија.

Скупи | м.

Древното име на Скопје.

Славонија | ж.

Област во Хрватска.

Словачка | ж.

Држава во Европа.

Словен | м.

Припадник на древна група племиња, од кои потекнува словенската група индоевропски народи.