Софија | ж.

Главен град на Бугарија.

Спарта | ж.

Антички град-држава на Пелопонез; град во денешна Грција.

Сплит | м.

Приморски град во Хрватска.

Србија | ж.

Држава во Европа.

Среден Исток | м.

Географски регион во Азија, го опфаќа јужниот дел на континентот, т.е. државите Авганистан, Пакистан, Индија и Бангладеш.

Средна Азија | ж.

Географски регион во Азија, го опфаќа централниот дел на континентот, т.е. азискиот дел на Русија, како и државите што се граничат со неа.

Средна Америка | ж.

Дел од американскиот континент, помеѓу Мексико и Јужна Америка, како и островите од Карипското Море.

Средоземно Море | ср.

Море помеѓу Европа, Азија и Африка.

Сталинград | м.

Поранешно име на Волгоград, Русија.