залета | св.

Почне да лета. Ластовиците залетаа ниско.

залетне | св.

При голтање навлезе храна во душникот и предизвика проблеми со дишењето. Му залетна едно ронче од лебот во душникот.

залечи | св.

За рана, за болест – привремено, донекаде излечи, доведе во добра состојба. Застанаа во селото да се одморат и да си ги залечат раните.

залив | м.

Дел од море, од езеро или од поголема река што навлегува во копното. Се шетавме покрај заливот. Брегот на заливот е непристапен.

залива | несв.

залигави | св.

Почне да лигави нешто. Детето ги залигави играчките.

залие | св.

залижан | прид.

Што е убаво исчешлан, измазнет; Залижана коса.

залиже | св.

Почне да лиже; лиже. Тој си ги залижа усните. Кучето ја залижа коската.