заноќи | св.
безл. а) се заноќи. Надвор заноќи. б) Ме (те, го...) фати ноќ. Ме заноќи додека дојдов.
заноктица | ж.
Кожата околу нокотот, на коренот од нокотот. Од заноктиците му течеше крв.
заноси | св.
Почне да носи, да има нешто кај себе, на себе. Дури сега го заносив новиот костум.
занурка (се) | св.
Почне да (се) нурка; (се). Децата (се) зануркаа во езерската вода.
заобиколен | прид.
Што овозможува заобиколување; заобиколи 2. Заобиколен пат.
заобиколи | св.
а) Се постави околу некого или околу нешто; опколи. Коњаниците го беа заобиколиле во тесен круг. Тие го заобиколија да не може да избега. б) Помине, заврти околу нешто. Тој ја заобиколи масата и се доближи до неа.
заобиколка | ж.
Заобиколување на нешто, поминување околу нешто. Тој направи заобиколка и дојде дома од другата страна.
заобиколница | ж.
Пат што служи за заобиколување на нешто. Се прави заобиколница околу градот.
заоблаченост | ж.
Состојба кога небото е со малку облаци.
заоблачи се | св.
За небо – почне да се покрива со облаци. Небото се заоблачи.