заоблекува | св.

Почне да облекува некого или на себе нешто. Само што го заоблекува, детето почна да плаче. Таа ја заоблекува блузата наопаку.

заоблен | прид.

Што нема остри рабови, што е без агли. Заоблена маса.

заобли | св.

Направи нешто да биде обло. Краевите на масата убаво ги заобли.

заоглави | св.

Стави оглав на животно. На ледината најде еден коњ, го фати и го заоглави.

заод | м.

залез_1 Сонцето е веќе на заод.

заоди | св.

Почне да оди. Луѓето полека заодија кон црквата. Скокна преку ѕитчето и заоди низ пченката.

заокружи | св.

Направи круг околу нешто. Заокружи го точниот одговор на задачата.

заора | св.

Почне да ора; ора. Денес ја заорав нивата. Тој го заора стрништето.

заори се | св.

Почне да се ори. По улицата се заорија весели песни.