ајкула | ж.
Голема граблива опасна риба со издолжено вретенесто тело и полукружна голема уста на долниот дел од главата; морски пес, куче; Carcharias glaucus. Го голтна некоја ајкула уште жив.
ајлак | м.
Месечна плата, доход. Да се извлече месечниот ајлак за себе.
ајле | прил.
Прилично, доста, многу, значително. Немаше давање-земање ајле, ајле со чаршијата.
ајмана | ж.
ајван_1
Ајндховен | м.
Град во Холандија.
ајнц | м.
Вид игра со карти. Го ќарив од оној луд офицер на ајнц.
ајс! | изв.
Извик за терање на воловите при орање.
ајта | ж.
Широк, бел празничен фустан. Ветерот ја развејува белата ајта.
ајљаз | м.
Безделник, неработник, мрзливец, скитник.
ајљази (се) | несв.
Безделничи, скита.