аџамилак | м.

Неискусност, незрелост, неопитност.

аџамија | м.

Неискусно, младо лице.Таа беше аџамија, младо девојче што не го знае животот. Млади аџамии, улави, не знаат што прават.

аџи | претс.

Збор што се става пред името за означување дека се работи за човек што бил на аџилак.

аџилак | м.

Поклонение во светите места.

аџија | м.

Човек што бил на поклонение во светите места, Мека за муслиманите и Ерусалим за христијаните.

б | глас

Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, уснена – според местото на образување, преградна – според начинот на образување.

ба! | изв.

Изразува изненадување. Ба, ами сега што ќе правиме.

бааги | прил.

баба 1 | ж.

Мајка на родител. Мојата баба.