зафрла | св.

Почне да фрла. Детето зафрла од песокот. Зафрла од цепените дрва кон визбата.

зафрлен | прид.

Што е многу оддалечен, осамен, тешко достапен. Зафрлено место. Зафрлено црквиче. Најзафрлено село во тој крај. Најзафрлена точка на државата.

зафрли | св.

Префрли зад нешто, наназад. Влезе и го зафрли палтото. Ја зафрли секирата и замина. Замавна со главата и ја зафрли косата.

зафрчи | св.

Почне да фрчи. Ноќта силен ветар зафрчи. Коњот зафрчи. Камења зафрчеа покрај неговата глава.

зафучи | св.

Почне да фучи. Зафучи еден ветар, сѐ ќе подмрзне. Зафучеа коњите во шталата.

захрани | св.

Почне да храни за првпат некого. Мајката го захрани детето со леб уште многу мало. Децата го заранија мачето со млеко.

зацака | св.

Почне да цака, да испушта звук со специфично местење на јазикот и забите. Кога виде што направиле децата, зацака со јазикот.

зацапа | св.

Почне да цапа во вода, кал и сл. Рибарот зацапа во водата. Децата зацапаа во батакот. Тој зацапа до глуждови во мочуриштето.

зацари | св.

Прогласи некого за цар. Тој го зацари својот единствен наследник.