зафали | св.
Почне да фали некого или нешто. Стројникот ја зафали момата.
зафане | св.
зафат | м.
Дејствување, акција, постапка; потег во некоја дејност. Политички зафати. Реформски зафати во образованието.
зафатен | прид.
Глаголска придавка од зафати.
зафати | св.
Почне некакво дејство, некаква активност. Зафати војната. Зафати да раскажува.
зафатнина | м.
Просторот што го зафаќа еден предмет и се пресметува обично во кубни метри или сантиметри; Зафатнина на геометриско тело. Се става масло до половина од зафатнината.
зафаток | м.
Уште во зафатокот се виде каква ќе биде работата.
зафиксира | св.
зафиука | св.
Почне да фиука. Зафиука силен ветер.
зафрка | св.
Почне да фрка. Зафрка снег. Зафркаа молњи.