зацеп | м.

Расцеп во дрво, карпа и сл.; Тој откако го исече стеблото, направи неколку зацепи. Од зацепите на карпите болснуваше понекое видело.

зацепи | св.

Почне да цепи дрва. Тој си укна во рацете и зацепи од дрвата.

зацивка | св.

За пиле, глувче – почне да цивка. Пилињата зацивкаа по квачката. Од снопот зацивкаа глувци.

зацика | св.

За животни – почне да цика. Малите прасиња зацикаа во дворот.

зацимоли | св.

Почне да цимоли. Детето го покри лицето и зацимоли. Кучето долго време мирно лежеше и одеднаш зацимоли.

зацимолка | св.

Почне да цимолка; Детето зацимолка.

зацица | св.

Почне да цица;

зацрвени | св.

Почне да станува црвен. Јаготките зацрвенеа, ама ште не се зрели.

зацрека | св.

Почне да црека. Бабата зацрека по децата.