зацрни | св.

Направи да биде црно. Јато гаврани го зацрнија снегот.

зацрпи | св.

Почне да црпи. Тој зацрпи со лажицата од киселото млеко. Зацрпивме вода од бунарот.

зацрта | св.

Почне да црта. Уметникот вешто зацрта по хамерот.

зацрцори | св.

Почне да црцори; црцори. Изгладнето врапче зацрцори на снегот.

зацупка | св.

Почне да цупка. Девојката зацупка кон продавачот на костени. Детето весело зацупка по дедото.

зацути | св.

Почне да цути. Зацутеа овошките. Зацуте кајсијата во дворот.

зачаден | прид.

Што е исполнет со чад. Зачадена просторија.

зачади | св.

Почне да чади, да испушта чад. Оџакот зачади.