збирец | м.

Различни, разнородни предмети собрани заедно.

збирка | несв.

Собира по малку. Едно момче збиркаше камчиња на плажата. Во слободното време со посебна страст збиркаше мали бардачиња.

збирка | ж.

Збир на повеќе предмети, нешта од ист вид што обично имаат некаква вредност. Збирка раскази. Поетска збирка. Филателистичка збирка. Збирка од уметнички слики. Ова издание претставува збирка од неговите најуспешни остварувања.

збирштина | ж.

Куп нешта без вредност. Книгата е збирштина од неуспешни поетски обиди. Во гаражата чуваа збирштини од сѐ и сешто.

збит | прид.

Стегнат, згуснат; Збит уметнички израз. Збити овошни дрвца. Збита трева. Збити килими.

збиток | м.

Несмасен, кус и дебел човек. Тој беше збиток со споени веѓи и без врат. Тешко можеше да му се спротистави на тој збиток.

збитолист | прид.

Што има густи лисја. Збитолист дрен. Збитолисти врбови ветки. Одвај го забележа од зад збитолисната грмушка.