збиднување | ср.

Настан, случка. Трагични збиднувања. Историски збиднувања.

збие | св.

Прибере, стисне. Наставниците ги збија учениците на едната страна од дворот.

збиен | прид.

Што е стегнат, сплотен, компактен, густ. Збиени редови. Збиени цветови. Село од збиен тип.

збие се 1 | св.

Се степа. Две момчиња се збија. Се скараа луто, само што не се збија.

збие се 2 | св.

Се случи, стане нешто. Се зби чудо. Филмот беше здодевен, ништо не се зби сѐ до крајот. Едно мислев, но сосема друго се зби. Што ли се збило, па го нема да се врати?

збир | м.

(мат.) Број што се добива со собирање на два или повеќе броеви; сума. Определи го збирот на дадените броеви.

збира | несв.

збиралиште | м.

Место каде што се збираат луѓе, а поретко и животни; собиралиште. Колибата стана збиралиште на бездомници. Контејнерите станаа збиралишта на кучиња скитници.

збирен | прид.

Што се однесува на збир. Збирен број. Збирна именка.