згроби | св.
Снеможе; пропадне. Поминаа години, згроби човекот.
згровне | св.
Затопли времето и од покривите згровна снегот. Згровна човекот од жал.
згровта | св.
Одеднаш почне да гровта. Свињата згровта и почна да јаде од триците.
згрозди се | св.
Даде богат род, стане како грозд. Сливите се згроздиле, гранките одвај го држат плодот.
згрози се | св.
Стане грозен, грд. Како мало девојченце беше убавка, но кога порасна, се згрози. Тој пушти брада, долга коса, се згрози човекот.
згромоли се | св.
Го погодија и тој како покосен се згромоли од коњот.
згромоти (се) | св.
згрсти | св.
Соедини раце во облик на грст. Тој ги згрсти рацете, ги наполни со вода и си го плисна лицето.
згрува | св.
За два дена ја згруваа пченицата.
згруди се | св.