згрутчи се | св.

Се претвори во грутки, во грутчиња. Млекото е расипано, при варењето се згрутчи. Нешто му се згрутчуваше во грлото и му го одземаше здивот.

згрчен | прид.

Што е свиен, собран, што е зафатен од грч. Згрчен старец. Згрчени усни. Десната рака му е згрчена, па работи со левата.

згрчи 1 | св.

Собере , стегне, искриви во грч; Ги згрчи нозете од болка. Таа ја згрчи раката и писмото се стутка.

згрчи 2 | св.

Одеднаш почне да грчи; Старецот згрчи силно и самиот се разбуди.

згура | ж.

Отпадок при топење руда; остаток при горење камен јаглен. Манганова згура. Цинкова згура. Од активниот вулкан излегуваше усвитена згура. Тој газеше по згурата, а таа крцкаше под неговите нозе.

згуснатост | ж.

Состојба на тоа што е згуснато;

згусне | св.

Направи нешто да биде густо. Ренданиот компир ја згусна супата. Мракот во улицата згусна, луѓето повеќе не се распознаваа. Ако смесата премногу згусне, се разредува со вода.

згустеност | ж.

Состојба на тоа што е згустено;

згутави се | св.

Детето се згутави под литата наметка. Жената се згутави крај огништето и збор не прозборе.