здравство | ср.

Дејност за одржување на здравјето и лекување на болести; систем на установи што се занимаваат со тоа. Државно здравство. Локално здравство. Се предвидува нова организација на здравството.

здрапа | св.

Одненадеж почне да драпа. Дремеше на сонцето, но нешто го полази, па го здрапа големиот мев.

здраска | св.

Одненадеж почне да драска. Мачето се галеше со девојчето, но се исплаши од нешто, го здраска по раката.

здрач | м.

Зрак, светлина. Темната ноќ се претвораше во модар здрач. Тенок здрач се појави низ подотворената врата.

здрачи се | св.

Се раздени. Лете многу рано се здрачи.

здрвен | прид.

Што е вкочанет, неподвижен, нееластичен. Таа остана здрвена. Здрвени од страв.

здрвени се | св.

Стане дрво, како дрво. Младите ластари брзо се здрвенија.

здрви | св.

Вкочани, направи некого неподвижен. Стоењето во место го здрви.

здрдори | св.

Тој влезе, здрдори нешто и излезе.