здржан | прид.

Што е умерен во изразувањето на чувствата; Здржано момче. Здржан бес. Здржан тон. Здржана насмевка.

здржи | св.

За чувство – совлада; воздржи. Не избувна, ја здржа лутината. Таа го здржа плачот што и се собра во грлото.

здрмоли | св.

Одеднаш почне да дрмоли некого или нешто. Внучето го здрмоли дедото што беше задремал. Ја здрмоли торбата со надеж да го најде клучот.

здроби | св.

дроби_1 Домаќинката го здроби кромидот и го пушти во гравот. Од лутина му доаѓаше да ја здроби виолината.

здрув | м.

Движење што го прави оној што игра во оро кога ќе клекне.

здрувне | св.

Направи здрув.

здружен | прид.

Што е поврзан, зближен, обединет. Здружена опозиција. Здружени сили.

здружение | ср.

Група или поголем број луѓе, организација формирана врз основа на заеднички интереси и цели. Здружение на возачите. Здружение на пензионерите.

здружи | св.

а) Обедини, организира во група, здружение, сојуз. Заедничкиот интерес ги здружи. б) Спои, доближи едно до друго. Исправи ја раката и здружи ги прстите.

здува | св.

Одненадеж почне да дува; дува 1, 2. Здува силен ветар.