зеленика | ж.

Вид постојанозелено украсно растение што расте како грмушка или ниско дрво; Buxus sempervivens. Го поминаа ридот и влегоа во густи смреки и зеленики.

зеленикав | прид.

Што има боја што наликува на зелена, што има боја што е најблиску до зелената. Зеленикави очи. Зеленикава униформа. Проѕирно зеленикаво стакло.

зеленило | ср.

Растителен свет со зелена боја. Бујно зеленило. Среде непрегледно зеленило се белееја неколку куќи. Се чувствуваше мирис на зеленило.

зеленинка | ж.

Дем. од зеленина.

зеленичок | прид.

Дем. и хип. од зелен.

зелениште | ср.

Зелено овошје и зеленчук. Таа сака повеќе зелениште отколку зрело овошје.

зеленка | прид.

(само женски и среден род) Зеленка блуска. Напролет се каснува нешто зеленко.

зеленкав | прид.

зелено- | претс.

дека означеното со вториот дел од сложенката е зелено: зеленоок.