земјиштен | прид.

Што се однесува на земјиште. Неговите родители имале огромен земјиштен имот.

земјовина | ж.

Тоа што се прима како мирис на земја. Мириса на земјовина.

земјовладелец | м.

Тој што е сопственик на земја, што има земја во своја сопственост.

земјовладелски | прид.

Што се однесува на земјовладелец.

земјовладение | ср.

Право на сопственост врз определена површина земја (земјиште).

земјоделец | м.

Тој што се занимава со обработка на земјата како главно занимање; полјоделец. Татко ми е земјоделец и произведува многу видови компири.

земјоделски | прид.

Што се однесува на земјоделец. Земјоделските семејства главно живеат на село.

земјомер | м.

Човек што професионално се занимава со мерење на земјишни површини;