земјопосед | м.
Земјиштен имот.
земјопоседник | м.
Тој што е сопственик на (многу) земја како имот;
земјопоседнички | прид.
Што припаѓа, што се однесува на земјопоседник.
земјоса се | св.
Стане болно блед, добие нездрав изглед на лицето со боја на земја.
земјотрес | м.
Потрес на Земјината кора предизвикан од внатрешни поместувања или од вулканско дејство. Градот беше погоден од катастрофален земјотрес.
земјотресен | прид.
Што се однесува на земјотрес. Земјотресно подрачје. Земјотресно инженерство.
земјотресение | ср.
земник | м.
Просторија во долниот дел на куќите за чување разни предмети; По Велигден разбоите се внесуваат во земникот.
земница | ж.
Изворот е на стотина метра од земницата во којашто е сместен Главниот штаб.
земски | прид.
Што се однесува на земјата како свет. Земска убавина.